Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај до 16:00 часот

Делницата Велес – Градско, делот од селото Виничани до Винарија „Стоби“ на регионалниот пат и денеска, поради асфалтирање, е затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот, информира АМСМ.

Според АМСМ ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.