Делови на Студеничани, Кисела Вода, Илинден, Чаир и Бутел без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Студеничани, Кисела Вода, Илинден, Чаир и Бутел.


Во периодот од 9:00-15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Варвара (општина Студеничани); ул. Малешевска, ул. Малешевска 1, ул. Маркова Река, дел од ул. Славка Динкова, дел од ул. Таки Даскалот, ул. Антон Димитров (Општина Кисела Вода).

Во периодот од 8:00-15:30 часот струја ќе немаат корисниците од фирмата „Суташ-Илинден“, ДМ „Транс“, „Волво“, Живинарска фарма, ТС „Птичјеводство 3“ (Општина Илинден), од 8:00-13:00 часот корисниците од ул. Кримска од бр.20-50, ул. Кумбара од бр.30-55 (Општина Чаир) и од 9:00-13:00 часот корисниците на дел од ул. Иван Манолев куќи 3 А-Б до 9 А-Б дел од ул. Иван Манолев (Општина Бутел).