Македонија

Делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба утре без струја

Делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба утре без струја

Во периодот од 11 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Видое Смилевски-Бато“, зградата кај Стопанска банка и „Ројал Бургер“ во општина Аеродром.

Од 10 до 14 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од станицата за технички преглед на булеварот „Илинден“, а од 13:30 до 15 часот корисниците од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ – Реонски Центар, зградите зад „Боксер“ во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Каирска“ („Генерал Михајло Апостолски“) од бр. 7 до бр. 29 во  општина Карпош, а од 8:40 до 13:30 часот дел од корисниците од улиците „Киро Глигоров“, „Јани Лукровски“, „Лазар Поп Трајков“, „Бапчор“, „Ташко Караџа“ и „808“ во општина Гази Баба.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.