Делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода утре без струја

75

Поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија утре од 08-13 часот без струја ќе останат корисниците од зграда број 37 на бул. „Партизански Одреди” – сите становии стопански објекти во Општина Центар.

Прекин на електрична енергија од 9 до 12 часот ќе имаат дел од ул. „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром, а од 9 до 15 часот од улиците „Мариовска”, „Мегленска” и „Милан Мијалковиќ” во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците од улиците „Пандил Шишков”, „Коста Новаковиќ” и дел од бул. „Трета Македонска Бригада” околу крстосницата со ул. „Коста Новаковиќ” во општина Аеродром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.