Делови од Центар, Чаир, Мирковци и Батинци утре без струја

Корисниците од зградата од блок 12 на улицата „Васил Главинов“ во Општина Центар утре од 12:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата „Васил Главинов“ бр. 3 во Општина Центар.

Во периодот од 9:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Самоилова“ со бр. 8 и бр. 10, поранешната фирма Рубин Кармин и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во Општина Чаир, од 9:00 до 14:30 часот корисниците од дел од село Мирковци, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.