Делови од Центар утре без вода

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 80 мм утре ќе има прекин во водоснабдувањето на улица Никола Тримпаре бр.8 во општина Центар, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација.

Без вода ќе останат и корисниците од улиците Дебарца и Борка Талевски во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работите.