Делови од човечки леш пронајдени во Долно Дупени

Делови од човечки леш биле пронајдени во ресенско.

– На 28.07.2020 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Долно Дупени, ресенско, по претходна пријава за пронајден човечки череп, од полициски службеници бил извршен преглед и претрес на теренот, при што во атар на село Долно Дупени, на место викано „Големи Грми“, биле пронајдени делови од човечки леш – соопштуваат од полиција.

По наредба на Јавен обвинител истите се подигнати и предадени на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.