Делови од Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Во периодот од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Исаија Маџовски“ во општина Ѓорче Петров.

Од 12:40 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од објектот со бр. 16 и околните објекти на улицата „Ацо Караманов“ во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.