Делови од Кисела Вода, Чучер Сандево и Горно Соње без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 29.11.2022 година ( вторник ), без електрична енергија ќе останат:

• од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Востаничка. (Општина Кисела Вода)
• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
• од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од селата: Бразда и Горно Оризари, како и стопанските објекти во околината на Каменоломот на АД Гранит – Бразда. (Општина Чучер Сандево)
• од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Мариовска. (Општина Кисела Вода)