Делови од Кисела Вода и Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека на ден 26.12.2019 година, четврток, поради отстранување дефект  на водоводна мрежа со пречник од од ф -100 мм на бул. „Борис Трајковски“, од  09:00 часот  до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. „Борис Трајковски“ (од крак 2 до крак 10) и Фабриката за цемент – Усје во општина Кисела Вода.

Поради отстранување дефект  на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ (кај кружниот тек), од  09:00 часот  до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица односно потегот од ул. „Наум Наумовски Борче“ до  ул. „Аминта Трети“ во општина Центар.