Делови од Кисела Вода и Сарај денес без струја

Без електрична енергија денес ќе останат делови од општините Кисела Вода и Сарај.

Од ЕВН известуваат дека прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Христо Татарчев, поточно подулица, а од од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. 1520 во Општина Кисела Вода.

Од 09:30 до 15:00 часот корисниците дел од с. Долно Свиларе.