Делови од неколку општини без струја, а Љубанци без вода

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска ќе бидат делови од селата Батинци и Волково, Општина Илинден и од населбите Ѓорче Петров и Кисела Вода, а поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без вода ќе бидат корисниците од село Љубанци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, во период од 8 до 15 часот, без струја ќе биде дел од улица 7 во село Батинци во Општина Студеничани.

Од 7:20 до 08:20 часот струја ќе нема во ТС Оптима, ТС Виор, ТС Чеза Комерц, ТС Белви, ТС Мотел Белви и ТС Бунар Белви во Општина Илинден, а од 9 до 14 часот дел од улиците 531, 532 и 23 во истата Општина.

Во Ѓорче Петров од 11 до 14 часот, без струја ќе биде улица „Крсто Гермов Шакир“ и од 9 до 14 часот село Волково кај црквата.

Од 8 до 9 часот, струја ќе немаат дел од корисниците на улица „Иван Козаров“ во близина на број 64, меѓу кои казино Winner Slot Casino, Фото студио ЗЖМ ЛИК и МИЛЕ бои и лакови во Кисела Вода.

Прекинот на водоснабдувањето во село Љубанци е поради уличен дефект од ф – 80 мм на улица 7 без број во село Љубанци, во близина на автобуската станица, и ќе трае од 9 часот до завршување на интервенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.