Делови од општина Кисела Вода утре ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека на ден 09.10.2020 година (петок) поради поврзување на нов водоводен приклучок од Ф – 200 мм со постоечката водоводна мрежа од ф – 200 мм на ул. Милан Мијалковиќ б.б. во населба Пржино, во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Пржино – висока зона од улиците Милан Мијалковиќ, Кочанска, Полог, Зеленгора, Пејо Јаворов, Караџица, Пандо Кљашев, Кара Трифун, Малина Поп Иванова, Мегленска, Виктор Иванович Глигориевич и Мариовска со сите краци во населба Пржино. ( општина Кисела Вода )