Делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 30.11.2022 година (среда), без електрична енергија ќе останат:

• од 08:15 до 10:30 часот, корисниците дел од с.Глумово, Шишево и Матка. (Општина Сарај)
• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците дел од ул.Партениј Зографски, од бр.65 до бр.77 (Општина Центар)
• од 08:30 до 15:00 часот, корисниците дел од ул. 531 и дел од ул. 532 (Општина Илинден)
• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул.Хераклеја, ул. Никола Пушкаров, ул. Браќа Чакреви (Општина Ѓорче Петров)