Делови во телото на Кашоги најдени во бунар во саудискиот конзулат

Делови од телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги се пронајдени во бунар на територијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјави во вторникот челникот на турската опозициска партија Догу Перинчек за порталот Haberler.

„Властите открија делови од телото на Кашоги во бунар во саудискиот конзулат“, рекол челникот на опозициската партија

Ден по смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги вработени во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палеле документи, покажуваат најновите објавени инсерти на турската телевизија Haberler.

Инсертите се од непсоредна близина на Конзулатот и на нив се гледаат три млади лица како палат хартии во корпа за смет.

Американската телевизија CNN oбјави во понеделникот дека оперативец од 15-член тим осомничени за смртта на саудискиот новинар, облекол облека на Кашоги со лажна брада и очила и излегува од Конзулатот на споредна врата, четири часа откако влегол во Конзулатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.