Делта варијантата на глава ги сврте претпоставките за коронавирусот

EPA/MARTIN DIVISEK

Делта варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 е најбрзата, најжилавата и најимпресивната верзија на вирусот предзивикувач на сѐ уште недефинираната коронавирусна болест Covid-19 и овој таканаречен индиски сој потполно ги сврте сите претпоставки за болеста, сметаат виролозите и епидемиолозите.

Заштитата со вакцинира развиени за справување со Covid-19 и натаму се оценува како многу силна против тешките форми на болеста и потребата од хоспитализирање, без разлика на тоа од која варијанта на вирусот е предизвикана, а најголемиот ризик паѓа на невакцинираните, се согласуваат десетте водечки стручњаци за коронавирусната болест.

Не само што делта варијантата е потешка за оздравување, туку и многу полесно се пренесува од едно лице на друго, поради што се зголемива бројот на заразените и хоспитализраните меѓу навакцинираните, тврдат лекарите.

Меѓутоа, сѐ повеќе има докази дека делта варијантата е тешка и за преболување и кај целосно вакцинираните лица, и тоа во поглема мера во однос на претходните три идентификувани соја на вирусот. Покрај тоа, сѐ поголеми се и стравувањата дека вакцинираните можат дури и да ја шират оваа варијанта на коронавирусот.

„Делта варијантата досега се покажа како најжилавата и најбрзата варијанта“, изјави микробиологот Шерон Пикок, професорка на Универзитетот Кембриџ и високпозиционирана во англиската Национална служба за инфективни болести.

Сѐ додека не се соберат повеќе информации за трансмисијата на делта варјантата, стручњаците трдат дека можеби ќе треба повторно да биде воведени мерките носење заштитни маски, одржување физичко растојание меѓу луѓето како и други мерки, покрај сеопфатна кампања за вакцинирање.

Во Израел, кој се смета за држава со највисок процент вакцинирано возрасно население, во моментов меѓу хоспитализираните околу 60 отсто се невакцинирани. Повеќето од нив се постари од 60 години и имаат хронични проблеми.

Во САД, кој има најмногу заразени и починати од Covid-19 во апсолутни бројки, делата варијантата сочинува околу 83 отсто од новите зарази. Засегам на невакцинираните отпаѓаат 97 отсто од тешките случаи, според американските здравствени власти.

Едно истражување во Кина, пак, покажало дека луѓето заразени со делта варијантата го имаат коронавирусот во носот за 1.000 пати повеќе во одност на оригиналниот сој на вирусот SARS-Cov-2 кој првпат беше идентификуван кон крајот на декември 2019 година во кинескиот град Вухан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.