Демант од ТАВ, нема да бидат отпуштени 400 вработени

ТАВ не отпушта вработени и бројката од 400 вработени е апсолутно неточна. Нема никаква логика, бидејќи функционирањето на нашите аеродромски операции не би било возможно со толкаво намалување на бројот на луѓе, соопштија од ТАВ Македонија.

„Како резултат на кризата предизвикана од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата”.