Демант од ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести покажува колку се очајни Заев и Пендаровски

107

Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести преку електронски медиуми покажува колку се очајни Заев и Пендаровски, ова вечерва преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наближува 21 април, така се зголемува паниката кај Заев и Пендаровски. Ги демантираме лагите изнесени во дел од порталите, според кои ВМРО-ДПМНЕ, откажало митинг во Лозово. ВМРО-ДПМНЕ за денес немаше закажано митинг во Лозово. Собирот во Лозово ќе биде одржан на 19 април и на истиот ќе присуствува и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Очекуваме порталите кои ја објавија лажната вест на СДСМ, истата да ја демантираат. ВМРО-ДПМНЕ ужива голема подршка во Лозово, како и во цела Македонија. Зоран Заев го знае тоа и затоа преку лажни вести сака да ја дезавуира јавноста. Времето на лагите одамна помина. Граѓаните повеќе не веруваат на манупулациите од „Бихаќка“. На 21 април, Зоран Заев и Стево Пендаровски ќе го добијат одговорот од граѓаните за сите лаги и манипулации изнесени во изминатиот период. Граѓаните знаат дека стигнува правда за Македонија. Татковината повикува, стои во нивниот демант до јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.