Демант од Здравствен дом Охрид

Здравствениот дом Охрид во вторникот реагираше на пренесувањето на објавата на социјалните мрежи според којашто на активисти на тамошниот Црвен крст не им било дозволено присиство во спорткио центар „Билјанини извори“, каде што се спроведува масовна вакцинација против коронавирусот

о врска со објавата Волонтери избркани од охридскиот вакцинален пункт,  Директорката на ЈЗУ Здравствен дом Охрид Д-р Ајсел Зејноска доставува демант, имено – Вистина е дека е остварен разговор со претставник на Црвен Крст Охрид, Сашо Точков околу потребата за ангажирање на волонтери од ЦК во вакциналниот пункт, меѓутоа истиот од моја страна го упатив да искомуницира со координаторот од Министерство за здравство за понатамошни насоки. Би сакала да истакнам дека ми е жал што дојде до вакво недоразбирање и се надевам дека ќе бидеме во понатамошна соработка а се со цел успешно спроведување на процесот на имунизација“, е наведува во реакцијата