14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Деми Мур и Ештон Качер се разведоа пред седум години, но сега излегуваат детали за разводот

Холивудските актери  Деми Мур и Ештон Качер се развеле пред седум години, но сега излегуваат во јавноста детали за нивниот развод.

Неодамна Деми откри дека се развеле поради неговото неверство, а тој се изјасни за виновен што ставил крај на нивната врска заради сексот во тројка што претходно го имале.

Актерката зборува за нејзината врска со Ештон во нејзината автобиографија „Внатре и надвор“ што излезе пред неколку месеци.

Деми ја започнала врска со 15 години помладиот колега во 2003 година и две години подоцна тие се венчале пред 150 пријатели и членови на семејството. Меѓу нив беше и поранешниот сопруг на актерката, Брус Вилис.

Двојката се разведе во 2013 година, а Деми откри во книгата дека чувствувала огромна привлечност кон актерот веднаш штом го запознала.

– Бев 40-годишна жена со богат живот, а тој само што го започна својот живот во светот на возрасните. Но, се чувствував како 15-годишно девојче со надеж дека некој ќе ја сака, напиша Деми.

Две години откако се запознаа Деми забремени, но во шестиот месец од бременоста го загуби детето. Се обиделе подоцна и со вештачко оплодување, но неуспешно.

Деми деновиве изјави дека многу тешко се справила со тагата од губењето на детето.

– Го изгубив погледот на она што е пред мене, семејството што го имам. И мислам дека тежината на сето тоа падна врз Ештон. Знаете, природно е некој да се повлече кога другата личност станува премногу приврзана за него, рече таа.