Демир Далип со повик до Египќаните: Во вториот круг масовно да ја поддржиме Силјановска

Како НГИ „Коалиција на Египќаните“ јавно ги повикуваме сите Египќани кои имаат право на глас, на 5 мај масовно да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјаноска Давкова, онака како што го сторија тоа, на 21 април, храбро, одлучно, без страв и достоинствено, повика лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, Демир Далип.

Египќаните се „жедни“ за правда, правична и соодветна застапеност, за владеење на правото, за рамноправност и еднаквост. Ова, се заложбите на професорката Силјаноска за спроведување на начелото на правична и соодветна застапеност, поддршка на ранливите категории, меѓу кои спаѓа и етничката заедница на Египќаните, како најмаргинализирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница.

Со победата на Силјаноска, Египќаните имаат свој поддржувач, кој несебечно ќе им помогне во нивните легитимни барања, истакна Далип во дописот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.