Демирхисарец починал по пад од покрив

Четириесет и осум годишниот Б.М. од демирхисарско Ново село починал откако паднал од кровот на семејната куќа.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 18 часот кога Б.М. местејќи антена на кровот од семејната куќа, се лизнал и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот со возило бил однесен во Клиничка болница Битола каде била констатирана смрт.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.