Демократите го објавија обвинението за Трамп

Демократската партија во вторникот ги објави формалните обвинувања прпотив американскиот претседател Доналд Трамп, товарејќи го за злоупотреба на овластувањата и опструирање на Конгресот врз основа на штои бараат негово отповикување од должноста.

Претставничкиот дом би требало за обвинувањата да гласа во полн состав следната седмица. Долниот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинствот, речиси сигурно ќе гласа за отповикување на претседателот кој доаѓа од Републиканската партија. Со тоа ќе се создадат услови за судење во горниот дом – Сенатот, каде што, пак, мнозинството го имаат републиканците, а тоа веројатно ќе започне во јануари.

Претседателот на Комитетот за правосудство при Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, изјави за новинарите дека претседателот Доналд Трамп го загрозил уставот на САД, му наштетил на интегритетот на претседателските избори во ноември следната 2020 година, и ја загрозил националната безбедност.

„Никој, дури ниту претседателот, не е над законот“, рече Надлер.

Демократите на 24-ти септември започнаа истрага со обвинувања дека Трамп вршел притисок врз Украина да покрене истрага за влијанието врз украинска истрага за корупција од страна на неговиот можен демократски поротивкандидат на претседателските избори, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Демократите го обвинуваат Трамп ги злоупотребувал овластувањата со сопирање на воената помош за Украина и нудејќи можна средба во Белата куќа како противуслуга за тогаш штотуку избраниот украински претседател Владимир Зеленски за да објави дека почнува истрага против Бајден.

И Трамп и Зеленски ги отфрлија наводите дека е вршен притисок, но не негираа дека разговарале за истрагата за корупција во којашто бил истражуван Даглас Бајден, синот на Џо Бајден, а која била прекината.

Според републиканците, оваа истрага во Киев е прекината по инсистирање токму на Бајден. Републиканците го критикуваа и тајниот начин на испитување на сведоците во комитетите на Претставничкиот дом, и подготвуваат одговор во форма на сведоштва на повеќе поранешни украински обвинители и функционери. Бидејќи го имаат мнозинството во Сенатата, каде што за импичментот треба да се гласа со двотретинско мнозинство, малку е веројатно дека Трамп ќе биде прогласен за виновен. Но целта на републиканците е да ја докажат според нив неисправноста на постапката која ја водеа деморкатите.