Демократите најдоа основи за импичмент за Трамп, Белата куќа тврди дека нема докази за обвинување

Демократите го објавија во американскиот Конгрес конечнито извештај од истрагата за отповикување на претседателот Доналт Трамп, во кој го обвинуваат шефот на државата дека ги поттикнувал украинските власти да се мешаат во наредните американски претседателски избори, на што Белата куќа одговори дека извештајот на Комитетот за раззунавања во Претставничкиот дом не содржи никакви докази за вината на Трамп.

„Претседателот Трамп, лично или преку посредници во и надворе од американската влада, поттикнувал странска влада, на Украина, да се вмеша за да извлече полза за неговиот реизбор“, се наведува во воведот од извештајот од името на челникот на разузнавачкиот комитер Адам Шиф.

Покрај тоа, Трамп во извештајот се нарекува првиот американски претседател кој се обидел да ја попречи истрагата за импичментот. Демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, дека долниот дом на Конгресот во согласност со првиот став од Уставот на САД има ексклузивно право на ваква истрага.

„Тој (Трамп) јавно и повеќепати ги отфрлаше надлежносите на Конресот да ги надгледува неговите активности и дирелно ги оспори овластуваата на Претставничкиот дом да спроведе истрага за отповикување“, се вели меѓу другото во извештајот.

Се истакнува дека Трамп, исто така, јавно ги нападнал и им се заканувал на сведоците кои даваа искази пред комитетите за нивното непрописно извршување на должностите. Авторите на извештајот велт дека тоа предизвикува сериозна загриженос за евентаулно кршење на одредбите од кривничниот законик, со кои се штитат сведоците.

Документот објавен на вебпсттраницата на Комитетот за разузнавачки работи содржи 300 станици, меѓутоа, според авторите на извештајот, има низа прашања кои остануваат без одговор.

„Нашата истрага треба да биде продолжена, дури и откако ќе го предадеме нашиот извештај до Комисијата за правни работи“, се наведува уште во документот.

Експресно реагираше Белата куќа, која преку портпаролката Стефани Гришам изјави дека извештајот за импичментот изработен од демократите не содржи никакви докази за несоодветбно постапување на претседателот Трамп.

„Како резултат на едностраниот фиктивен процес, претседателот (на разузнавачкиот комитет Адам) Шиф и демократите не може да претстават никакви докази за нарушувања од страна на претседателот Трамп. Овој извештај не одразува ништо друго освен нивното разочарување и немоќ. Извештајот на претседателот Шиф личи на блогер што седи во подрумот и се бора да докаже нешто кога нема докази“, се вели во писмената изјава на Гришам испратена до медиумите.

Во меѓувреме, рапублиакнците во Специјалниот разузнавачки комитет во Претстаставничкиот дом ги отфрлија наодите на демократите. Во понеделникот тие презентираа своите заклучоци засновани на резулатот од истрагата на специјалниот комите, според кој произлегува дека Трамп не сторил ништо незаконски.

Во рамките на истрагата се испитува дали претседателот Доналд Трамп вршел притисок врз украински функционери да го истражат евентуалното влијание на поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден врз Киев да го смени украинскиот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата на енергетска компанија во која во управниот одбор беше неговито син Даглас Бајден. Џо Бајден, инаку, е најсериозниот претендент за претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2020 година. Притоа, според демократите, Трамп наводно ја условувал истрагата со американската помош за Украина, што нејзиниот претседател Владимир Зеленски го негираше.