Демократката Габард ја тужи Клинтон за клевата

Претендеката за претседателската номинација од Демократската партија, Тулси (Талси) Габард, поднесе тужба за клевета против пораншената државна секретарка и поразена кандидатка на претходните претседателските избори во 2016-та, Хилари Клинтон, поради тоа што ја нарече „миленичка на Русите“.

Демократската пратеничка во Пратставничкиот дом на американскиот Конгрес, по потекло од Американска Самоа, ја проценува штетата што ѝ била нанесена на 50 милиони долари, според текстот на тужбата поднесена пред судот во Њујорк, пренесуваат американските медиуми.

„Тулси Габард се кандидира за должноста претседател на САД, позиција којашто Клинтон одамна ја посакуваше, но не можеше да ја заземе. Во октомври 2019 година, поради лична нетрпеливост, политичко ривалство, и од страв пред реални промени во политичката партија во којашто долго време доминираа Клинтон и нејзините сојузници, (Хилари) Клинтон ја клеветеше својата ривалка Тулси Габард. Таа тоа го стори јавно, недвосмислено и со јасна злобност. Тулси имаше последици од лагите на Клинтон, од неа страдаше и американската демократија“, се наведува во тужбата објавена на предизборната веб-страница на Габард.

Во октомври Клинтон во интервју за поткастот Campaign HQ ја опиша Габард како „омилен кандидат на Русите“, а кандидатот на Зелената партија, Џил Стајн на претседателските избори 2016-та како „руски агент“. Двајцата политичари изразија огорченоста од изјавите на Клинтон, нарекувајќи ја „поттикнувач на војната и олицетворение на корупцијата“.

„Клеветничките изјави придонесоа Тулси Гобард да ги загуби потенцијалните донатори и избирачи, кои ги слушнале. Тулси, како лично, така и професионално, претрпе значителна штета којашто се проценува на приближно 50 милијарди долари и денес продолжува да расте“, се додава во документот.

Адвокатите на Габард појаснуваат дека со поднесувањето на тужбата за заштита на честа и достоинството, таа има намера „да ги повика на одговорност Клинтон и политичката елита којашто ја поддржува за нарушување на вистината среде претседателската трка“.

Според текстот од тужбата, лажните тврдења на Клинтон за тоа дека Габард претставува „руски капитал“ биле обид да се „попречи претседателската кампања на Тулси“ и „нанесување штета на нејзиниот углед“. Авторите на тужбата тврдат дека „теоријата на заговор на Клинтон нема потврди“ и бараат „обештетувања за нарушувањето и забрана за натамошно објавување клеветнички изјави од Клинтон“.

Триесет и осумгодишната Тулси Габард е припадник на Националната гарда на САД, служела на Блискиот исток и е пратеничка во Претставникиот дом од Хаваи во четвртиот мандат.

По неочекуваниот изборен пораз на Хилари Клинтон во ноември 2016 година, демократите долг период се обидуваа да докажат наводна поврзаност на сегашниот републикански претседател Доналд Трамп со Москва. Специјалниот обвинител Роберт Мјулер кој ја водеше истрагата за ткн „руско мешање“ во конечниот извештај без изложување докази наведе дека имало мешање на Русија во изборниот процес во САД, но не нашол докази за „заговор“ меѓу изборната кампања на Трамп и Москва, што го негираа и Белата куќа и Кремљ.