Демократски сојуз: Владата да не ги дискриминира медиумите

Демократскиот Сојуз ја повика во неделата Владата да ја преиспита својата одлука и да им овозможи на сите онлајн медиуми што ќе се пријават директно да се вклучуваат односно да известуваат и да ги пренесуваат прес-конференциите на нејзините претставници во врска со состојбите настанати поради епидемијата со коронавирусот.

„Било каква дискриминација на медиуми и новинари во време кога информирањето на граѓаните е од исклучителна важност заради потребата од навремени и точни информации за состојбите со епидемијата и мерките што ги презема Владата е недозволиво и не е во согласност со демократските стандарди на функционирање на македонското општество дури ни во вакви вонредни околности“, се наведува во соопштението на ДС.

Регистерот на професионални онлајн медиуми на Зздружението на новинарит и Советот на етика на медиумите, како што се истакнува во соопштението, не смее да биде изговор за укинување на акредитацијата на онлајн-медиуми.

„Регистерот е етичка алатка и тој служи како саморегулативен механизам на онлајн медиумите во Македонија. Укинувањето на акредитацијата за известување од пресконференциите на Владата и можноста за нивно директно пренесување онлајн само за медиуми што не се дел од регистерот може да се сфати како цензура која е забранета со Устав и недозволена во едно демократско општество“, појаснуваат до ДС.

Партијата истовремено ги повикува сите медиуми да известуваат професионално и одговорно, да не шират лажнии вести и информации, да не создаваат паника во овие вонредни услови на зараза со коронавирусот. А власта да води сметка за одговорноста и отчетноста и да ги пружа сите потребни информации на граѓаните, а политичките партии да се воздржат од политичка пропаганда и да помогнат во напорите за справување со кризата.