Демократскиот сојуз на локалните избори ќе истапи од коалицијата со СДСМ

Претседателот на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, рече дека на локалните избори ќе настапува сам без коалицирање од ниту една политичка партија.

„Ние сега се подготвуваме за самостоен настап на локалните избори, бидејќи системот е поинаков таму, кандидати за градоначалници, советнички листи. Тука не мора да коалицирате, ќе го видите капацитетот, ќе ја видите поддршката на граѓаните“, нагласи Павле Трајанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.