Демолирања и насилство ја засенија поворката за климата во Париз

The Associated Press

Околу 15.000 луѓе прошетаа по улиците на француската престолнина Париз во саботата против климатските промени, но оваа манифестација ја одбележаа насилства кога активисти на крајната левица ѝ се придружија на поворката, а пријавени се и инциденти со полицијата.

Во Париз саботата мина во тензична атмосфера во текот на неколку манифестации. Освен поворката за климата, се одржа и протестот на движењето Жолти елеци, кои се противат на социјалната и фискалната политика на владата на претседателот Емануел Макрон, како и собир против платнот за реформа на пензискиот систем.

Демолирани излози, оштетена банка, запалени барикади, се последици од насилството кое избувна на почетокот од поворката за климата рано попладнето. Полицијата соопшти дека забележала околу 1.000 радикални демонстранти. До вечерта приведени се 164 лица, а 120 се ставени во притвор. Организаторите велат дека се собрале 50.000 учесници, додека полицијаа излезе со своја процена за 16.000 присутни на поворката.

Во текот на целото попладне на булеварот Сен-Мишел и во студентскиот Латински кварт радикалните милитнати од ултреа-левичарското движење „Black Blocs“ фрлале проектили врз полицајците, а потоа се нафрлиле на една банка и запалиле контејнери за отпад. Тогаш полицијата употребила солзваец и фрлачи на гумени и куглички од морска пена, контроверзно оружје со кое изминатите месеци беа ранети многи припадници на Жолтите елеци, а ОН и ЕУ ѝ порачаа на Франција да го преиспита користењето на ова средство против демонстранти.

Невладината организација Гринпис преку Twitter ги повика демонстрантите да се разидат и нагласи дека не се усполнети условите за ненасилен собир. Другите невладини организации, кои се јавуваат како организатори на поворката, повикаа на продолжување на манифестацијата и поворката стаса до квартот Берси, на десниот брег на реката Сена. Еколошките активисти блокираа еден мост и раширија транспарент на кој на англиски јазик беше испишано „Макрон, загадувач на Земјата“.

Ба Елисејските полиња раштрканите помали групи полицијата ги растеруваше со солзавец. Гринпис предупреди дека полицијата сторила сѐ за да го оневозможи правото на протест. Во Париз беа распоредени 7.500 полицајци со водени топови и оклопни возила, а властите не дадоа одобрување за одржување на традиционалниот саботен протест на Жолтите елеци.

Пред почетокот на поворката за климата, организаторите повикаа на мирна манифестација. Беа упатени бројни повици за да се постигне конвергенција на борбите меши Жолтите елеци и активистите за климата.

И во другите француски градови се одржаа собири. Невладините оргранизации наведуваат дека во целата земја се собрале над 150.000 демонстранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.