Демолиран автомобил на скопјанец

Автомобил на скопјанец бил демолиран вчера во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР.

Според полицијата, вандализмот се случил меѓу 23.30 часот во саботата и 7.30 ласот во неделата на улицата Пушкинова. Сопственикот на автомобилот „форд“, Г.М.(44) пријавил дека воилото било демолирано на паркингот од зградата во која живее.

Непознат сторител со тврд предмет ги искршил предното и задното ветробранско стакло и задно десно стакло од неговиот „форд“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.