ФОТО: Демолиран автомобилот на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ

Автомобилот на гласноговорникот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, ноќеска бил демолиран. Арсовски за инцидентот објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба. Сакав да пријавам во Министерството за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.
Ама еве уште еднаш Оливер Спасовски јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата, напиша портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.