Македонија,Крими хроника

Дeмолирани гробишта во Драчево

Дeмолирани гробишта во Драчево

Три надгробни плоши биле искршени на гробиштата во скопското село Драчево, информира полицијата.

Според МВР, на 4 ноември, годинава, за време на верскиот православен празник Духовден, во полициска станица Драчево, лицата Б.Б., А.Ј. и С.П., пријавиле дека од месец јули до денот на пријавувањето, на гробиштата во селото Драчево, непознати сторители оштетувиле три надгробни плочи.

По пријавата, увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.