Демонстрации во Дрезден: Меркел врши етноцид врз германскиот народ

Меркел врши етноцид врз германскиот народ. Канцеларката Ангела Меркел и нејзината политика на отворени врати за стотици баратели на азил, како и на бегалците од Сирија беше на мета на транспарентите што ги носеа дел од демонстрантите. На еден од нив можеше да се прочита: „Меркел врши етноцид врз германскиот народ“.

Синоќа во Дрезден се собраа неколку илјади лица на повик на движењето ПЕГИДА (Европски родољуби против исламизацијата на Западот) незадоволни поради масовниот и се поголем прилив на мигрантите во земјата и поради состојбите со европската мигрантска криза.

Демонстрантите, воглавно мажи, се собрале во центарот на Дрезден, а со себе носеле транспаренти против доаѓањето на бегалците и германски знамиња.

„Имаме право на нашата татковина Германија и на нашата германска култура“, пишуваше на еден од транспарентите.

Муслиманите мора да си заминат од Германија, освен воените бегалци, а тие не се многу, вели Уве Фридрих (46) учесник во протестот и еден од поддржувачите на ПЕГИДА.

Германија годинава очекува рекорден број од 800.000 баратели, на азил, многу повеќе од било која друга земја која е погодена од европската бегалска криза.

Напади врз прифатните центри во Германија

Во изминатите неколку месеци, неколкумина бегалци се повредени, но никој не го загубил животот, во десетеците напади врз прифатлиштата за азиланти.

Портпаролот на полицијата во Саалфилд во сојузната покраина Тирингија, изјави дека причините за пожарите се истражуваат и дека се утврдува иднетитетот на жртвите. Медиумите пишуваат дека станува збор за млад државјанин на Еритреја.