Десетици илјади Шкоти излегоа денеска на улиците на Единбург, барајќи нов референдум за независност од Велика Британија. Демонстрантите маршираа под слоганот “Сите под едно знаме”.
Активистите се надеваат дека ќе ги обединат Шкотите од различни политички убедувања за да се заложат за втор референдум за независност.
На првиот референдум за независност на Шкотска во 2014 година тесна победа однесоа поборниците за останување во Велика Британија.
Организаторите претпоставуваат дека најмалку 100.000 луѓе се собраа денеска за да го поддржат нивниот повик за втор референдум за независноста на Шкотска.