Демонстрантите го нападнаа Конзулатот на Иран во Ирак

Ирачките власти соопштија дека загинаа тројца демонстранти, а 19 се повредени при синоќешниот напад врз Конзулатот на Иран во Карбала.

Помеѓу повредените седуммина се полицајци.

Десетина демонстранти синоќа го нападнаа Иранскиот конзулат со молотови коктели, подметнаа пожар и го заменија иранското со ирачко знаме.

Протестите ширум Ирак почнаа на 1 октомври поради корупцијата, високата стапка на невработеност и лошата јавна управа, а досега загинаа над 250 луѓе.