Демонстрантите во Хонг Конг формираа човечки синџир

21

Демонстрантите кои со недели протестираат во Хонг Конг се собраа на улиците држејќи се за раце, формирајќи човечки синџир како на протестот против советското владеење во балтичките земји пред 30 години.

Илјадници демонстранти на протестите наречени „Хонгконгски синџир“, држејќи се за раце, ги пополнија метро станиците и улиците.

Некои од нив со телефони ги осветлуваа улиците.

Организаторите се надеваа дека синџирот ќе ја следи линијата на метрото од 40 километри.

Тоа беше последниот собир на движењето што започна пред 11 недели со повик за укинување на сега суспендираниот закон за екстрадиција, а потоа се прошири на барање демократија и независна истрага за наводна полициска бруталност за време на протестите.

Организаторите наведуваат дека синџирот бил инспириран од „Балтичкиот синџир“, мирни политички демонстрации што се случија на 23 август 1989 година, кога околу два милиона луѓе се фатија за раце во човечки ланец долг 600 километри преку три држави – Естонија, Латвија и Литванија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.