Ден на Полкот за специјални операции на АРМ

арм

Единиците од состав на пСО ќе имаат дефиле, ќе бидат доделени стимулативни мерки, а за достигнувањата на единицата ќе говорат раководните кадри од армијата.

Најавено е присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, генерали во АРМ, поранешни началници на ГШ на АРМ и пензионирани генерали, претставници од МО и ГШ на АРМ, команданти на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата и други гости.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов 1 март е одреден за ден на пСО, со традиции на денот кога е формирана првата специјална единица на АРМ, 1 март 1994 година.