6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ден потоа

Бидна и референадумот. Метеор не падна, земјата не се расцепи, но некои глави чурат, а повеќето се нелагодно и неприродно мирни. Тенка е еуфоријата и на двете страни.

Ниту има кај оние кои релано треба да слават по улици за пропаѓањето на референдумот, но нема ни очај кај оние кои се залагаа да успее. Ништо од ветените оставки нема да видите, оти се’ кажано е само наменска цел. Се поплочува се’, целта ги оправдува средствата, па ако треба и со лаги и интриги Македонија да се внесе во НАТО по било која цена.

Искрено знам и верувам дека никогаш Македонија нема да ја примат во ЕУ, (ве молам, докажаете ми дека грешам) затоа што и самите домаќини го наговестуваат тоа и приказните со други сојузи се само приказни за мали деца. Страшно е што ни другиот сојуз не е нешто потресен за и околу Македонија. Да беа, немаше да дозвоат да дојдеме на ова дереџе, затоа вие само продолжете да се занесувате со тези макеоднско – руски, кинески, индиски, марсовски сојуз како алтернатива. Ние ќе останеме тампон зона по тоа прашање во највулгарна смила и асоцијација. Ќе збираме крв на туѓи менструации. Во НАТО сме пикнати, само си ја играат лангзам. Одмна ни имаат скроено профил какви сме и знаат како ќе се одигра играта. Приказните дека Кале игра соло и мимо насоките на Вашингтон се просто под секое интелектуално ниво и дека сево ова не е стратегија на големите до детал. Дури и самопонижаувањето кое си го пририедија со повиците да се прифати референдумот кој не успеа не им е никаков проблем, едионствено е како ќе се доигра играта, ма целта ќе се оствари. За жал, опозицијата е во право во една работа, можевме да одиграме подобро, можевме да направиме подобар договор и никој, па дури и оние од надвор не го кријат тоа.

И повторно сега ќе влеземе во една нова фаза – избори или не.

Ароганцијата на власта секогаш може да се толкува, или се пресигурни заради поддршката или глумат лудило. Мене лично ми е проблем закрвеноста во општеството кое се посеа, несигурноста, толеранцијата кон криминалот, безобразното задолжување и вулгарно играње ташак со економијата, се’ со оправдание дека примарна цел е НАТО.

За сево ова имаше два концепта – едниот е да не плеснат со тони пари, како Анте Марковиќ во 80-те и да не боли уво за се’ или да не гушат и дават во беда за да запомагаме и плачипичкариме да влеземе во НАТО по секоја цена за да се спасиме од септичката. За жал се одбра вториот концепт. Да, велам, капата ни е скроена, тесното одело ни го натакнуваат и колку и да даваме отпор нашиот – народен глас е ништожен. За жал барем да го видев народецов како си крка лесно заработени пари, 13-14 плати и пензии, безкаматни кредити, да се задолжиме како Грчка и да не вратиме никому, оти доста ми е од тразниција и кризи. Исходот ќе биде ист, само оние кои си ги одбравме решија да не’ водат низ патот на бедата, а не со перверзна буржујска леснотија каде пара со леснотија ќе се врти и така барем да не издрогираат.

Како бе наместо сите овие говна од пари не решивте да го купите народот, оти како ги продаваа дуќаните низ стара чарпшија и им ја препуштија на други, така ќе беше и ова. Дефетиста сум и знам дека крајот не чека со болни промени и покрај се’, жалам само за ближните и народот што ќе продолжат да битисуваат во беда.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.