14.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ден пред изборен молк се асфалтираат улици во Ѓорче Петров (ФОТО)

Ден пред да настапи изборниот молк во Македонија, градоначалниците од редовите на СДСМ асфалтираат улици во Скопје.

Таков пример е ул. Стево Филиповиќ во скопско Ѓорче Петров, каде револтирани граѓани испратиле фотографии до редакцијата на Курир

Во нивната порака се вели дека, Александар Наумовски сега пред избори му текна да асфалтира, но и јавно го прашуваат каде бил до сега да го направи тоа и во другите улици во општината. Како што велат тие, Наумовски целосно ја запоставил општината, објави Курир.