Дендиас: Грција сака да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот

Грција посакува секогаш да биде во јадрото на Европа, да има одлични односи со сите соседи и да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Грција за формирање Дирекција за одбранбена дипломатија во грчкото МНР, jави дописничката на МИА од Атина.

-Дојдовме да потпишеме меморандум за соработка со Министерството за одбрана за да можеме да имаме целосна синхронизација меѓу активностите и перцепциите на овие две министерства. Компатибилен со пошироката доктрина на нашата земја, земја членка на Европската унија, која посакува секогаш да биде во јадрото на Европа, но и земја која посакува да има одлични односи со сите нејзини соседи, да биде фактор на стабилност и безбедност во регионот, рече Дендиас.

Министерот за надворешни работи на Грција додаде дека не треба да се заборави дека земјата, „традиционално држи маслиново гранче, но е и земја која поседува и меч“