Денес е роденденот на Тоше Проески

Денеска се навршуваат 39 години од раѓањето на македонската поп икона Тоше Проески.

Проески е роден во Прилеп на 25 јануари 1981 година.

Загина на 26 годишна возраст, на 17 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка во Хрватска, во раните утрински часови.

Тоше се наоѓаше на совозачкото место, а во моментот на сообраќајната несреќа, спиел на спуштеното седиште.

Несреќата ја предизвика неговиот другар, кој воедно му беше возач, во момент на претекнување на камион со приколка.

Според полицискиот извештај, тој не направил добра процена и со десната страна од џипот Туарег, удрил во задната лева страна на камионот, а делот кадешто спиел Тоше е смачкан и навлезен под долгото возило.

Во џипот се наоѓаше и неговата менаџерка, Лилјана Петровиќ, која исто така спиела на задното седиште, но и таа и возачот останаа неповредени.

Во својот кус, но исклучително плоден живот на музички план, Тоше Проески остави неизбришлива трага во музиката, не само во Македонија, туку на целиот балкански простор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.