Денес ќе се гласа за составот на собраниските комисии

На дневниот ред на денешната собраниска седница, новите пратеници од законодавниот дом ќе ги избираат работните тела. Составот на собраниските комисии е поминат и на седница на собраниска Комисија за прашања на избори и именувања, каде што е акцентиран постигнатиот заеднички договор помеѓу сите пратенички групи.

Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според тој договор ќе раководат со осум собраниски комисии. Европските прашања ќе бидат во надлежност на ДУИ, покрај комисиите за здравство и уставни прашања. БЕСА ќе раководи со комисијата за култура, а АА и Алтернатива со комисијата за труд и социјала. Пратениците на партијата Левица нема да заземат место во ниту една комисија.

На денешниот дневен ред на работата на собраниската седница ќе се најде и верификацијата на ново пратеничко место на местото на Министерката за социјала и труд, Јагода Шахпаска.

Минатата седмица во изјава за медиумите, претседателот на парламентот, Талат Џафери изјави дека работните дела мора што побрзо да се формираат и дека без нив собранието не може да се впушти во функционирање.