Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во северните и централните делови , каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на мерат квадратен. Истата прогноза е и за утре (сабота)
Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од 8 до 18 степени. Променливо облачно и врнежливо време ќе има и во сабота.
За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и топло.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.