Денес ќе се расправа за судбината на К – 15

Синдикатот, Организацијата на работодавачи и бизнис коморите денес ќе преговараат исплатата на регресот за годишен одмор, или К-15 да биде на доброволна основа.

Телевизија „Сител“, повикувајќи се на сопствени информации објави дека начелна согласност е постигната – регресот за годишен одмор за се регулира на гранково ниво.

Тоа значи дека приватниот сектор кој не е член на гранковиот синдикат нема да има законска обврска да исплаќа К- 15. Доколку пак, компанијата има пари, работодавачот ако сака – може на своите вработени да им исплати регрес за годишен одмор.

Уникување на К-15 бараа и Стопанските Комори, чии што членки морале да земат кредит за да ја исполната законската обврска

Инаку, исплатата на К-15  во висина од минималната загарантирана плата беше договорена минатата година во Колективниот договор за приватниот сектор.

За газдите кои не го испочитуваа ова, следуваа парични казни.  Но голем  дел од нив, само за да избегнат казни и да го испочитуваат законот ги кратеа платите или ги бараа назад дадените пари.