Денес можност за невреме во попладневните часови, од утре стабилно време

Според УХМР, времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме. УВ коефициентот ќе изнесува 7.

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Во Скопје во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.