Денес најтоплиот ден во 2015, температура до 41 степен

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22,  а дневната од 34 до 41 степен.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Пороен дожд во четврток вечер

И во четврток под влијание на многу топла воздушна маса дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени. Во четврток вечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе предизвика пад на температурите за неколку степени.

Потоа и во следните денови ќе има услови за локална нестабилност, информираат од УХМР.

Денешниот ден најтопол во 2015

Најтоплиот ден во ова лето не очекува утре. Како што најавуваат метеоролозите времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре, кога не очекува најтоплиот ден за оваа сезона, утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени.

Бремените и хронично болните ослободени од работа до 4. август

Бремените и хронично болните се ослободени од работа до 4-ти август. Донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, ќе продолжат да важат до 4-ти август соопшти вчера Министерството за здравство.

Продолжувањето на препораките, кои важеа и деновиве (од 22-ри до денеска) е поради најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи – дека до крајот на неделата ќе продолжат високите температури над 40 степени. Министерството наведува дека во претстојниот период континуирано ќе се следи состојбата и ќе се преземаат соодветни мерки според временските состојби, велат од Минситерството.

Почитувајте ги препораките!

Сеуште на сила се препораките донесени минатата недела, откако земјата беше зафатена од значително високата температура и потопло време.

Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.

 

 

Повеќе за препораките на следниот линк.