Денес правото на глас во затвор го искористиле и Мијалков, Јанкуловска, Катица Јанева и Орце Камчев

Денеска, за вториот круг на локалните избори, се гласа во сите затвори низ земјава. Излезноста е голема, односно затворениците и притворениците го користат своето право да учествуваат во изборот на идните градоначалници.

Како што неофицијално дознавa „Фокус“ на гласање излегле и „вип” станарите на затворите, односно поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, екс специјалната обвинителка Катица Јанева, како и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.

Право на глас имаат вкупно 1.409 затвореници и притвореници, кои гласаат во 14 Казнено – поправни установи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот.