Денес сончево, од утре дожд

Промена на времето со врнежи од дожд се очекуваат во текот на утрешниот ден. Утре претпладне ќе има услови за слаб локален дожд во југозападниот дел од државата, а веќе од средината на денот во западните делови ќе почнат врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне ќе преминуваат кон исток.

На високите планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

УХРМ за четврток и петок најавува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.

Утринава во поголем дел од државата е ведро и посвежо со слаб југоисточен ветер. На југоисток има мала до умерена облачност, а слаба магла има во Демиркаписко. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 14 степени. Во Скопје слично време со температура до 13 степени.

Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени -5 степени, а најтопло во Дојран каде минималната температура е четири степени.