Денес и утре сончево, од петок дожд

Денес и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Денес се очекува да дува умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје  сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер.

Од петок во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а услови за нестабилност ќе има и во попладневните ќасови на деновите од викендот, но и понатаму ќе биде доста топло. Услови за попладневна нестабилност ќе има и во деновите на викендот.