Израелскиот министер за внатрешни работи, Силван Шалом, го распрсна балонот кој го дуваа опозициските медиуми дека опозицискиот лидер Зоран Заев со него ќе зборува за политички теми и бомбите, изјавувајќи дека Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на Македонија.
„Денешен“ пишува дека не само што не станало збор за некакви бомби на средбата со израелскиот министер за внатрешни работи, туку Заев при првиот обид да отвори било каква политичка тема бил веднаш прекинат и прекорен од министерот Шалом со директна и јасна порака “нема да се мешам во внатрешните прашања на вашата земја”, по што Заев веднаш прекинал со зборување.
-Не е прв пат Зоран Заев лажно да крева очекувања и вака отворено да манипулира со јавноста а потоа да биде непријатно демантиран од другата страна. Познавачите на состојбите во меѓународните односи ваквото однесување го коментираат како своевиден дипломатски шамар на израелскиот министер кон струмичкиот олигарх, и самото тоа што министерот Шалом дава изјава која е без ракавици, и која е директно спротивна од она што Заев посакувал да го слушне, говори за степенот на провокација и неумесност на постапката која ја направил Заев, но и за позицијата на Израел кон ова прашање која логично и рационално е спротивна од позицијата која ја има СДСМ, пишува „Денешен“.
Некои медиуми веќе објавија дека на креативен начин Заев бил повикан на еден вид на сослушување кај вториот човек на израелската тајна служба МОСАД каде бил прекорен за неумесноста на издавање на доверливи информации од значење за израелските безбедносни служби, како и за откривањето на идентитетот на израелскиот оперативец кој бил задолжен за спроведување на израелската донација на воена опрема за македонските безбедносни сили со што била загрозена неговата безбедност.
Посетата на Заев на Израел и покрај обидите за претставување во позитивно светло, кои по наши извори се платени со дебели пари, поминува во знакот на дебакл. Неговите соговорници или воопшто не објавуваат за средбите, или пак кога ќе дадат изјава таа е директен шамар за Заев, па испаѓа дека за Заев е подобро и воопшто никој да не дава изјава за средбите со него, заклучува „Денешен“.