Денешниот протест од 19 часот: Од Влада преку МНР до Собрание

Денеска со почеток во 19 часот пред Владата граѓаните повторно ќе излезат на протест „Ултиматум – НЕ благодарам“ .

Како што се најавува, протестот ќе започне пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собранието .

Граѓаните и денеска масовно ќе се спротивстават на понижувачкиот предлог за Македонија со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат искажувајќи дека се против францускиот предлог.